• понеделник, 23 декември 2024

Коциќ: Ако Мицкоски е за државните интереси и европската агенда ќе ги поддржи уставните измени

Коциќ: Ако Мицкоски е за државните интереси и европската агенда ќе ги поддржи уставните измени

Скопје, 1 август 2023

Сите услови што Христијан Мицкоски ги постави за ДПМНЕ да поддржи уставни измени, се исполнети.

Денеска и официјално министрите од редовите на ДУИ ќе поднесат оставки кои ќе се ефектуираат откако ќе бидат усвоени уставните измени.

Со тоа се исполнува условот на Мицкоски, за учество во Влада без ДУИ, а предвремени избори можат да се одржат веднаш откако измените на Уставот бидат изгласани.

Уставните измени се јавно достапни за сите и за нивната содржина никој не е против, вклучително и Мицкоски и ДПМНЕ.

Со измените на Уставот се забрзува процесот на интеграција во ЕУ, но истовремено се задржува примарната уставотворност на македонскиот народ и се става крај на тезата „еден народ две држави“ кои со децении ја промовираат одредени туѓи центри.

Мицкоски има шанса макар еднаш да се престрои на страна на државните и национални интереси.

Напредокот во евроинтеграциите, ставаат и крај на праксата за вадење пасоши од туѓи држави членки на ЕУ од страна на македонските граѓани.

Ако навистина се грижат за интересите на државата тогаш Мицкоски и ДПМНЕ ќе дадат поддршка на измените на Уставот.

Во спротивно ќе покажат дека се за изолација и дека можеби одработуваат за туѓи интереси, спротивни на државните и националните интереси.

 

Прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан