Костоски го предводеше ТФТ до првата победа во АБА2-лигата
- Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на ТФТ синоќа во Златибор ја забележа дебитанската победа во регионалната кошаркарска АБА2-лига. Совладана беше екипата на Подгорица со 95:93 по прод
Златибор, 20 декември 2022 (МИА) – Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на ТФТ синоќа во Златибор ја забележа дебитанската победа во регионалната кошаркарска АБА2-лига. Совладана беше екипата на Подгорица со 95:93 по продолжение.
Најзаслужен за триумфот на ТФТ беше поранешниот репрезентативец Александар Костоски кој мечот го заврши со 28 победи, девет асистенции и пет скокови.
Тимот од Тафталиџе досега одигра шест натпревари во АБА2 и дојде до првата победа, додека црногорскиот претставник го запиша четвртиот пораз во 6. коло.
Втората македонска екипа во АБА2, битолски Пелистер утре од 15 часот се среќава со Борац од Бања Лука. зс/