• сабота, 13 јули 2024

Костовски и Димитриевска први на сениорскиот Телеком Мастерс турнир

Костовски и Димитриевска први на сениорскиот Телеком Мастерс турнир
Прилеп, 23 ноември 2022 (МИА) – На првиот бодовен Телеком Мастерс турнир во категорија сениори/ки за сезона 2022/23 одржан во Прилеп победија Ива Димитриевска и Петар Костовски. На турнирот изминатиот викенд земаа учество околу 60 натпреварувачи во машка и женска категорија меѓу кои беа и шампионите од претходната година Филип Младеновски и Амелиа Николов од ППК Шампион Фа. Иако на овој турнир не успеаа да издвојат први места тие се уште се на врвот на бодовната табела. Пласманот на турнирот е следниот: машки:
  1. Петар Костовски - ППК Младост 96
  2. Филип Младеновски - ППК Шампиоп Фа
  3. Дамјан Стојчев - ППК Шампиоп Фа
  4. Лука Стојчев - ППК Шампиоп Фа
женски:
  1. Ива Димитриевска - ППК Рисови
  2. Софија Хасану - ППК Крушево
  3. Изабела Ковачовска - ППК Зегин Берово
  4. Михаела Чипевска - ППК Зегин Берово. зс/

Остани поврзан