Костадинов најавува елекрични возила за превоз на стари и изнемоштени лица низ пешачките зони во Струмица
- Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска на својот фејсбук профил најави нова бесплатна услуга - воведување на електрично возило за превоз на стари и изнемоштени лица низ пешачките зони во Струмица по примерот на Љубљана.
Струмица, 28 октомври 2023 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска на својот фејсбук профил најави нова бесплатна услуга - воведување на електрично возило за превоз на стари и изнемоштени лица низ пешачките зони во Струмица по примерот на Љубљана.
-Електрични возила адаптирани за превоз во пешачка зона, ќе излегуваат во пресрет пред сè на стари и изнемоштени сограѓани кои сакаат да се прошетат низ паркот, плоштадот, пешачките зони во Струмица. Наша морална обврска е да мислиме на сите граѓани, да овозможиме секој да ја ужива преубавата Струмица, напиша Костадинов.
Најави дека со помош на општествено одговорни компании ќе бидат набавени возилата и заедно со него како градоначалник ја прават Струмица уште поубаво место за живеење. рт/аа/
Фото: ФБ профил на Костадинов