• недела, 22 декември 2024

Костадиновска Стојчевска: Со инвестиција од 20 милиони денари реконструирана е салата и реновиран е ентериерот во Центарот за култура во Кочани

Костадиновска Стојчевска: Со инвестиција од 20 милиони денари реконструирана е салата и реновиран е ентериерот во Центарот за култура во Кочани

Скопје, 2 мај 2023 (МИА) - Благодарение на инвестицијата на Министерството за култура од 20 милиони денари, комплетно е реконструирана салата и реновиран е ентериерот во Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани, така што целиот тим се подготвени да ви посакаат добредојде на кино проекциите, напиша денеска на својот Фејсбук профил министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Како што потенцира министерката, Центарот за култура во Кочани се враќа и е подобар од кога било со премиерата која се одржа викендов на македонскиот филм „Преекспониранo“ на режисерката Елеонора Венинова.

-Од кино проекции до музички изведби, НУ Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани е одлична дестинација за сите ваши културни издигнувања. Резервирајте ги вашите билети уште денеска!, пишува Костадиновска Стојчевска на Фејсбук. бт/нд/

Фото/ МИА

Остани поврзан