• петок, 22 ноември 2024

Костадиновска Стојчевска на Меѓународниот ден на демократијата: Да ѝ дадеме сила на новата генерација

Костадиновска Стојчевска на Меѓународниот ден на демократијата: Да ѝ дадеме сила на новата генерација

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска посочува дека Меѓународниот ден на демократијата - 15 септември повикува на генерациско обединување - заеднички да градиме поправеден свет за сите.

Таа на својот профил на Фејсбук објави дека оваа година во фокусот на вниманието по повод Меѓународниот ден на демократијата се младите, следната генерација, како чувари, промотори и храбри луѓе кои ќе ги шират границите на демократијата како најголема вредност и како право на секој поединец според Универзалната декларација за човековите права. 

-Не постои друг клуч, ниту формула за народ во благосостојба, за општество на задоволни граѓани и за независна, силна и прогресивна јавност, освен демократијата. Да ѝ дадеме сила на новата генерација!  Да ги слушнеме и разбереме нивниот глас и нивните пораки. Да ги поддржиме со континуирани и растечки инвестиции во културата, во образованието и во општеството на можности. Да ја зајакнеме заштитита на човековите права и потојано да ја унапредуваме родовата еднаквост. Да ја прифатиме обврската за поголемо и посеопфатно учество на на младите во процесите на донесување одлуки на секое ниво, напиша министерката Костадиновска Стојчевска. фф/ац/

Фото: Фејсбук на Бисера Костадиновска Стојчевска

Остани поврзан