• петок, 22 ноември 2024

Костадиновска-Стојчевска за МРТ: Новиот закон за управување со Охридскиот Регион е јасен - нема легализација на дивоградби

Костадиновска-Стојчевска за МРТ: Новиот закон за управување со Охридскиот Регион е јасен - нема легализација на дивоградби

Скопје, 28 март 2024

 

Министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска – Стојчевска во однос на тековните активности поврзани со остварување на препораките на УНЕСКО вели дека во моментов Работната група ја изработува новата нацрт верзија на Законот за управување со Охридскиот Регион во која има предлог некои одредби да бидат избришани, во насока на избегнување на потенцијална закана за светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

–Спорниот член на кој укажуваат невладините организации, а кој се однесува на дефинирање на терминот „урбана трансформација“, во верзијата на новиот закон за управување се предлага да се брише. Се работи за термин на кој долго укажуваат и реактивните мисии во своите извештаи. Затоа решивме тој член да го тргнеме, односно да го видоизмениме за да не се дојде до мислење дека со тој член ние сакаме  да придонесеме кон поголема легализација на дивоградбите. Напротив, се прави доста ригорозна селекција, односно скенирање на цел терен со помош на сите институции коишто имаат можност  тоа да го направат, за да не се легализира ниту една дивоградба“, изјави министерката Костадиновска-Стојчевска за Македонската-радиотелевизија.

На прашањето околу последниот извештај на УНЕСКО, влијанието на невладниот сектор и прашањето на дивоградбите, како  и задржувањето на статусот на Охридскиот Регион, министерката  додаде дека од страна на институциите секогаш се упатува апел до општините да даваат поопсежни информации во однос на  дивоградбите. Костадиновска-Стојчевска објасни дека во предлог на новиот закон прецисно ќе се уреди и објасни темата со дивоградбите, за да не се добие впечаток дека ќе се пристапи кон нивна легализација.

Во однос на другите правни акти кои се донесени и на кои се работи за заштита на Охридскиот Регион, Костадиновска-Стојчевска изрази задоволство од активното учество на невладиниот сектор и од нивното присуство на терен, во Струга и во Охрид.  Во однос на извештајот на Комитетот за светско наследство, и задржувањето на Охрид на листата на УНЕСКО, министерката за култура го изрази задоволството од позитивниот извештај за што, како што рече, придонес имаше и тоа што нашата држава е меѓу првите кои го преведоа  Упатство за иматели на недвижни културни добра во Охридскиот регион – Светско наследство на УНЕСКО.

–Ова Упатсво кое помага во изработка на сите видови мислења, ние го препративме до општините коишто се инволвирани, и бевме навистина пофалени за напредокот којшто го имаме. Најголем удел во тој позитивен извештај има Комисијата којашто до сега функционираше при Министерство за култура, а сега според договор и според Законот се префрла во Минситерство за животна средина и просторно планирање–, објасни министерката за култура. Таа додаде дека токму таа комисија браник којшто се бави со сите мислења од општините, инвеститорите, архитектонски друштва и планерите во урбанизмот.

Костадиновска-Стојчевска за МТВ истакна дека удел за позитивниот извештај од УНЕСКО имаше и соработката со Албанија, зашто за прв пат оваа година беше изготвен и заднички извештај од двете држави кон УНЕСКО.

Министерство за култура

Фото: Министерство за култура

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан