• вторник, 03 декември 2024

Косовското Собрание расправа за четиригодишното владеење на Албин Курти

Косовското Собрание расправа за четиригодишното владеење на Албин Курти

Приштина, 2 декември 2024 (МИА) – Четиригодишното владеење на извршната власт, предводена од премиерот Албин Курти е тема на дебатата што се одржува денеска во Собранието на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Седницата е закажана на предлог на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), изнесен минатиот понеделник на состанокот на Претседателството на Собранието.

Шефот на пратениците на ААК, Беник Тахири по состанокот на Претседателството рече дека како партија ја сметаат оваа дебата многу важна.

„Нашиот предлог беше да има дебата за мандатот на премиерот Курти. ААК оваа дебата ја смета за исклучително важна. За еден мандат ниту еден проект не е завршен. Ако избега и од оваа дебата, го презема товарот на неуспехот. Соочувањето на оваа седница ќе биде за различни сектори и сметаме дека е многу важно г. Курти да не побегне“, рече Тахири.

Дебата ја поддржа и другата опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово. иа/ссм/

Остани поврзан