• понеделник, 23 декември 2024

Косовски војници ќе заминат во мировна мисија во Кувајт

Косовски војници ќе заминат во мировна мисија во Кувајт

Приштина, 16 февруари 2020 (МИА) - Припадници на Безбедносните сили на Косово (ФСК) ќе отпатуваат идниот месец во Кувајт, во мировна мисија заедно со американската војска, информира денеска командантот на ФСК, генерал-полковник Рахман Рама.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Рама за агенцијата Косовапрес изјави дека оваа прва мисија на косовската војска надвор од земјата ќе трае шест месеци.

Ирак и Кувајт беа првите земји во кои се очекуваше да бидат испратени припадниците на ФСК, а сега е потврдено дека втората е онаа во која ќе отпатуваат симболична бројка војници, кои ќе бидат дел од Националната гарда на американсата сојузна држава Ајова, наведува агенцијата.

- Сега сме во техничка фаза на процедурите, меѓу кои и административни, а уште во месец март ќе имаме одреден број, колку и да е тој симболичен, кои ќе бидат покрај американската војска. Ќе биде тоа мировна мисија во Кувајт. Во тек е комплетираањето на документацијата за сите наши припадници кои ќе бидат дел од таа мисија, изјави Рама.

Во јануари годинава Собранието на Косово донесе одлука, на предлог на Владата, за испраќање на припадници на ФСК во заеднички мисии со Националната гарда на Ајова. иа/ми/

Остани поврзан