Косовската полиција уапси Русин кој илегално влегол од Србија
- Полицијата на Косово уапсила вчера во Лепосавиќ, во северно Косово државјанин на Русија, кој влегол во земјата од Србија, преминувајќи ја границата илегално, јави дописникот на МИА од Приштина
Приштина, 8 јули 2023 (МИА) – Полицијата на Косово уапсила вчера во Лепосавиќ, во северно Косово државјанин на Русија, кој влегол во земјата од Србија, преминувајќи ја границата илегално, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во денешниот 24-часовен извештај на полицијата се наведува дека Русинот е уапсен и му е одредена мерка притвор.
- Полицијата за време на патролирањето (во село Зрносек, Лепосавиќ) го запрела осомничениот маж, Русин, кој со неговото возило илегално ја преминал границата од Србија во Република Косово, Истиот е интервјуиран и по налог на надлежен обвинител е уапсен и му е одредена мерка притвор, се вели во полициското соопштение. иа/ми/