• недела, 22 декември 2024

Косово: 12 рудари од комбинатот „Трепча“ се повредени поради истекување на сулфурна киселина

Косово: 12 рудари од комбинатот „Трепча“ се повредени поради истекување на сулфурна киселина

Приштина, 17 јануари 2024 (МИА) - Комбинатот „Трепча“ соопшти дека 12 рудари се повредени во несреќата што се случила кога од пумпите истекла сулфурна киселина, пренесува Анадолија.

Како што е соопштено, несреќата се случила денеска во 12 часот и 35 минути, на 11. хоризонт во рудникот Стари трг, при чистење на цевките на пумпите со сулфурна киселина.

„При одржување на цевката од цилиндерот истече сулфурна киселина и во таа прилика се повредени 12 работници во рудникот Стари трг“, наведуваат од комбинатот Трепча.

Спасувачките екипи на рудникот брзо реагирале за да ги евакуираат повредените рудари од рудникот. Им била укажана прва помош и биле пренесени на понатамошно лекување во Регионалната болница во Митровица.

Според извештајот на дежурните лекари, двајца рудари се здобиле со тешки, но излечиви повреди и се задржани на офталмологија, додека останатите рудари се полесно повредени и се пуштени на домашно лекување. ссм/

фото: архива

Остани поврзан