• понеделник, 23 декември 2024

Косово станува придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО

Косово станува придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО

Приштина, 24 март 2024 (МИА) – Пратеникот на владејачката партија во Косово, Движење самоопределување, Дритон Хисени соопшти дека статусот на Косово во Парламентарното собрание на НАТО е подигнат од членка-набљудувач на ниво на придружна членка, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хисени, кој е шеф на делегацијата на косовското Собрание во Парламентарното собрание на НАТО, преку објава на својата страница на Фејсбук, информира дека одлуката за унапредување на статусот на Косово во Алијансата е донесена во текот на денешната работа на Постојаниот управен комитет на Собранието, што се одржува во Естонија.

- Ова е највисоко ниво на претставување во Собранието до полноправно членство на Косово во НАТО. Долги години Косово имаше статус на членка-набљудувач. Денешната одлука ќе биде формализирана со гласање во Парламентарното собрание на НАТО на пролетната сесија на Собранието, што ќе се одржи на 27 мај во Софија, напиша Хисени.

Тој информира дека Косово, со зголемувањето на нивото на застапеност во Собранието на НАТО, ќе има проширување на делегацијата, поголемо вклучување во одлуките на Собранието и право да се обрати со амандмани и коментари за секој процес и документ што се третира од страна на Собранието, што претходно требаше да се прави преку делегации од други земји, главно од Албанија. иа/паг/

 
 

 

 

Остани поврзан