• вторник, 03 декември 2024

Концерт по повод 15 години постоење на Фолклорната група ,,Вапцаров" од Делчево

Концерт по повод 15 години постоење на Фолклорната група ,,Вапцаров

Делчево, 29 ноември 2024 (МИА) - Фолклорната група ,,Вапцаров" која работи во состав на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков - Вапцаров" од Делчево, вечерва одбележа 15 години постоење. По тој повод беше организиран јубилеен концерт, на кој покрај делчевските играорците настапија и членови на КУД ,,Вера Јоциќ" од Македонска Каменица со кој Центарот за култура од Делчево има одлична соработка.  

За директорот на установата Љупчо Петровски концертот уште еднаш покажа дека фолклорот во Делчево има иднина.

-Ќе го повторам она што го кажав и на минатите концерти, а тоа е дека фолклорната група ,,Вапцаров" со крупни чекори граби напред. Прекрасните изведби  покажуваат дека овие девојки и момци заслужуваат и професионално да се бават со оваа дејност. Честитки до сите нив и посакувам уште многу вакви јубилеи, рече Петровски. 

Кореографот Кристијан Трајановски кој со групата раководи околу 10 години, изрази задоволство што од година во година бројот на нови членови се зголемува.

-Многу години поминаа, 15 вкупно, 9 години како раководител на групата, 2 како стручен соработник, веќе вработен во устанвата. Како поминаа, поминаа со многу труд, многу работа, но кога фолклорот се сака од младите сето тоа е многу лесно. Имаме моментално 180 членови што е една импресивна бројка која покажува дека навистина овде фолклорот се сака, додаде Трајановски.

Во следниот период до Нова Година како што дополнк програмскиот директор Методи Толевски, установата ќе се фокусира на учество на настаните по повод Светската недела на лицата со посебни потреби, како и организирање на манифестацијата Вапцарови Бранувања. вс/сст/

фото МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан