• понеделник, 23 декември 2024

Концерт на џез вокалистот Курт Елинг со Националниот џез оркестар

Концерт на џез вокалистот Курт Елинг со Националниот џез оркестар

Скопје, 15 мај 2024 (МИА)  - Во Македонскиот народен театар, вечер со почеток во 20 часот, ќе се одржи концерт на џез вокалистот Курт Елинг со Националниот џез оркестар, под диригентска палка на Џијан Емин.

Елинг има вкупно десет номинации за Греми награди, од кои има освоено две награди за најдобар вокален џез албум за изданијата „Dedicated to you“ издаден во 2009 година, како и „Secrets are the best story“, издаден во 2021 година. 

Во 2012 година е прогласен за прв почесен џез амбасадор на Шлезискиот џез фестивал во Полска, а добитник е и на германската награда Ехо џез и Шкотската награда за џез - меѓународна категорија. Во 2013 година е прогласен за Меѓународен џез -изведувач на годината на доделувањето на наградите „Jazz FM Awards“.

Во текот на својата кариера соработува и снима со Вејн Шортер, Данило Перез, Дејвид Амрам, Ренди Бахман, Боб Белден, Џоан Бракин, Оскар Браун Џуниор, Џоди Кристијан, Били Корган, Орберт Дејвис, Џорџ Фримен, Бади Гај, Јон Хендрикс, Чарли Хантер, Боб Минцер, Бред Мелдау, Ли Ритенур, Џон Пицарели и Боб Шепард. Покрај неговиот бенд со кој најчесто настапува, Курт Елинг бил и член на Квартетот на Бранфорд Марсалис.

Билетите за концертот може да се набават онлајн на страната на МНТ, како и на билетарницата на МНТ. ра/лв/

Фото: Национален џез ркестар

 

Остани поврзан