• недела, 22 декември 2024

Концерт на „Парусион“ вечер на Скопско лето

Концерт на „Парусион“ вечер на Скопско лето

Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечер со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан ќе се одржи концерт на групата „Парусион“.

„Парусион“ груп ансамбл е оформен 2003 година во Скопје во чиј состав се Михаил Парушев - тапани, Петар Христов - кларинет и саксофон, Ѓоко Грујовски - гитара, Јован Цветковиќ - пијано и Дионис Стратров - бас гитара.

Групата е предводена од Михаил Мишко Парушев, кој е композитор и свири на ударни инструменти. Роден е во Скопје во 1976 година, во семејство на музичари. Веќе на четиригодишна возраст покажува интерес за ударни инструменти. Почнал да свири на тапани на шестгодишна возраст. Михаил Парушев дипломирал на ФМУ Скопје. Член е на меѓународно признатиот музички бенд „Леб и Сол“. Во 1992 година е прогласен за најдобар тапанар на Скопскиот рок фестивал. Почнувајќи од 1989 година па се досега, тој настапува низ целиот свет со врвни музичари.

Парушев е автор на солистички албум „Агол“ издаден 2022 година. По 20 години концертна соработка со музичарите од ансамблот, создаваат композиции во ставови, од акустична до електрична продукција, полиритмија и модерна музика. Во соработка со Зоран Костадиновски, експериментираат со звук на сцена. Парушев е во подготовка на нов авторски материјал и обработки на традиционални македонски песни. нд/вг/

Фото: Дирекција за култура и уметност - Скопје

 

Остани поврзан