• недела, 07 јули 2024

Концерт на Лазар Нелковски и неговиот бенд во Аудиокултура

Концерт на Лазар Нелковски и неговиот бенд  во Аудиокултура

Скопје, 13 јули 2023 (МИА) - Младиот Лазар Нелковски со неговиот придружен бенд во состав Јана Ефтимова – бас, Анастасија Трајковска – придружен Вокал, гостинот од САД Maasiah на ритам гитара и Драган Андоновски на тапани ќе одржат концерт во Аудиокултура.

На концертот ќе се претстави со unplugged верзија на одбрани нумери од првиот албум и новиот материјал од неговиот втор албум кој треба да излезе до крајот на годината. Овој е последен од трите концерти што ќе ги одржи во земјава, пред да се врати во Јапонија.

Нелковски е роден 2005 година во Скопје. Од најрана возраст се ориентира кон музиката, а потоа и кон театарот и филмот. Завршува деведгодишно нижо музичко училиште, отсек – пијано. Напоредно, четири години учи гласична гитара, три години рок-гитара и една година тапани. Две години учествува на филмската училница во рамки на Кинотеката на РСМ, потоа шест години учествува на националниот Џифони фестивал и минатата 2022 година беше претставник на нашата земја на главниот Џифони фестивал во Италија. Минатата година концертно го промовираше својот прв музички албум „BORDER”, чии е комплетен автор и продуцент. дма/бак/

Фото: МИА 

Остани поврзан