• петок, 05 декември 2025

Концерт на Гудачкиот камерен оркестар „Арко“ на 23 септември во Филхармонија

Концерт на Гудачкиот камерен оркестар „Арко“ на 23 септември во Филхармонија

Скопје, 19 септември 2025 (МИА) - Гудачкиот камерен оркестар „АРКО“, под диригентската палка на Ерхан Шукри на 23 септември ќе одржи концерт во Македонската филхармонија.

Особена магија на вечерта ќе внесат трите уметници - Сихана Бадивуку на виолина, Мерсиха Шукри на харфа и на мандолина Жана Актурк од Турција.

- Нивниот настап ветува длабока музичка емоција, техничка прецизност и сценска харизма која инспирира. Музички пејзаж со Вивалди, Хачатуриан, Хумел, Корет, Буалдие, Петровиќ и други – со премиерна изведба на неколку дела што за првпат ќе бидат изведени пред македонската публика, велат организаторите. 

Билетите се достапни преку: mktickets.mk, karti.com.mk и продажните салони на literatura.mk. бак/са/

Фото: Плакат

 

 

Остани поврзан