• недела, 22 декември 2024

Конференција „Форум на општински пракси: Кон родово одговорни општини“

Конференција „Форум на општински пракси: Кон родово одговорни општини“
Скопје, 25 јуни 2021 (МИА) - Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија (ЗЕЛС) денеска организира завршна конференција на тема –„ Форум на општински пракси: Кон родово одговорни општини“. Со конференцијата, како што информираат од ЗЕЛС, ќе биде заокружен двегодишниот период на реализација на активностите од проектот „Кон родово одговорни општини:зајакнување на општинските капацитети за родови политики и родово одговорен буџет“, што ја реализира ЗЕЛС, со поддршка на UN Women, Скопје, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој - Сида. Градоначалнички и градоначалници, советнички и советници од Лоби групата за родова еднаквост при ЗЕЛС, како и координатори и координаторки за родова еднаквост од општините ќе дискутираат за предизвиците со кои се соочува локалната власт во градењето на административните капацитети и во креирањето и имплементирањето на родовите политики во различни сегменти од општинските надлежности. Координаторките за еднакви можности од неколку општини, како што посочуваат од ЗЕЛС, ќе ги презентираат добрите практики на креирање и на имплементирање на родови политики во општинските програми, но и начините на инкорпорирање на финансиски средства во Буџетот на општината за спроведување на утврдените родови активности. Ќе бидат претставени резултатите од активностите што ги реализираше ЗЕЛС во рамките на овој Проект, како поддршка на единиците на локална власт и резултатите од работењето на Лоби групата за родова еднаквост при ЗЕЛС во насока на обезбедување на соодветни услови за натамошен развој на креирање на родовите перспективи на локално ниво и имплементирањето на националните родови политики. дма/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан