Конференција по повод „10 години Национална рамка на квалификации“
- Конференција по повод „10 години Национална рамка на квалификации“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Министерството за образование и наука, на која, како што е најавено, ќе стане збор за придобивките и поважните достигнувања во оваа област во изминатата деценија, а ќе бидат споделени и искуствата и препораките на истакнати експерти од земјите во Европската Унија.
Скопје, 19 октомври 2023 (МИА) - Конференција по повод „10 години Национална рамка на квалификации“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Министерството за образование и наука, на која, како што е најавено, ќе стане збор за придобивките и поважните достигнувања во оваа област во изминатата деценија, а ќе бидат споделени и искуствата и препораките на истакнати експерти од земјите во Европската Унија.
МОН, во најавата за конференцијата, посочува дека земјава во изминатите десет години работеше на овој исклучително значаен процес, кој во суштина е еден од предусловите зa интеграција во Европската Унија и успешно се воспостави Национална рамка на квалификации, како национален стандард за регулација на стекнувањето и користењето на квалификациите, и која е усогласена со Европската рамка на квалификации.
- Благодарение на големата посветеност на повеќе институции и органи, образовни установи и комори на бизнис заедницата, координирани од Министерството за образование и наука преку Одделението за Националната рамка на квалификации и Националниот одбор за НРК, државата доби значаен инструмент за комуникација и реформи и алатка за доверба и поддршка на креаторите на политиките, на работодавачите, учесниците во процесот на учење, родителите, носителите на квалификации и останатите чинители во градењето на системот на квалификации, се вели во соопштението од МОН.
Националната рамка на квалификации, се наведува во соопштението, продолжува да се развива, а од особена важност е придонесот на тимот во рамки на Твининг проектот финансиран од ЕУ за понатамошна имплементација на Националната рамка на квалификации, со чија експертиза и пренесување на добри практики и искуства од други земји, се подобрува транспарентноста и препознатливоста на квалификациите во Република Северна Македонија и ЕУ. аа/лв/
Фото: МИА архива