• недела, 22 декември 2024

Конференција „Младите ги слават укажувачите“ по повод Денот на укажувачите

Конференција „Младите ги слават укажувачите“ по повод Денот на укажувачите
Скопје, 13 мај 2022 (МИА) – Вклученоста на младите во борбата против корупцијата, каналите за откривање и механизмите за заштита на укажувачите, и значењето на јавната свест, беа дел од темите за кои се зборуваше на денешната конференција насловена „Младите ги слават укажувачите“. На конференцијата што се одржа по повод одбележувањето на Денот на укажувачите,  можеа да се увидат искуствата од земјата, но и на глобално ниво, за позицијата на укажувачите. Десислава Готскова, Раководител на РАИ секретаријат на Регионалната антикорупциска иницијатива (РЕИ), во своето обраќање истакна дека корупцијата негативно влијае на уживањето на граѓанските, политичките, економските, социјалните и културните права, како и на правото на развој. Како што рече таа, токму поради тоа борбата против корупцијата се третира како една од клучните приоритети од регионот, во процесот на интеграција во ЕУ. -Огромното мнозинство на тешки корупциски злосторства се откриени преку пријави на укажувачи - лица кои директно биле сведоци на овие злосторства, кои како што знаете се случуваат под превезот на тајноста. Со други зборови, укажувањето е инструмент во борбата против корупцијата. Но, на оние кои се спротивставуваат на корупцијата, вклучително и младите, им треба соодветна заштита, изјави Готскова. Оцени дека постои јасна потреба од воспоставување соодветни правни и институционални рамки за да се обезбеди заштита.-Младите луѓе имаат поголема веројатност да бидат креативни во нивниот пристап кон решавање на проблемите. Нивните антикорупциски напори може да бидат поиновативни, напредно размислување и подобро да ги користат модерните технологии. Со тоа,  ние во Секретаријатот на РАИ, заедно со ЕУ и другите партнери, со нетрпение ги очекуваме вашите идеи и работиме со вас за да ги претвориме во акција, додаде таа. Џулијан Васало, заменик амбасадор на Делегацијата на Европската Унија пак, ја истакна важноста на вклученоста на младите во бробата против корупцијата, и сигурноста на институциите кои треба да ги заштитат граѓаните кои пријавуваат корупција. - Корупцијата јa потткопува демократијата и ја зафаќаат секоја сфера од општеството како што се ги образованието, вработувањето, безбедноста и здравјето. Верувам дека корупцијата и другите нелегални активности се спротивни на вашите уверувања. Пријавувањето на корупцијата е акт на одговорност, и гледаме дека младите се подготвени  гласно да зборуваат против корупцијата, затоа ние сме тука да дадеме поддршка и да ве мотивираме без чувство на страв да зборувате за секоја постапка која ќе ја забележите, бидејќи тука не станува збор само за одговорност, туку и должност, изјави Васало. Конференцијата „Младите ги слават укажувачите“ е поддржан од Регионалната антикорупциска иницијатива во соработка со МОФ.свс/дма/

Остани поврзан