• петок, 22 ноември 2024

Конференција: Конфликтот во Украина бара превенирање на последиците, ЕУ се наоѓа пред поправен испит на Балканот

Конференција: Конфликтот во Украина бара превенирање на последиците, ЕУ се наоѓа пред поправен испит на Балканот
Скопје, 26 септември 2022 (МИА) – Потребно е соочување со новата реалност и развивање нови стратегии како одговор и превенирање на последиците од тектонските општествени промени кои ги предизвика руската воена агресија врз Украина. ЕУ се наоѓа пред поправен испит на Балканот и треба да понуди пакет финансиска и енергетска поддршка за регионот за да спречи влез на трети страни и раст на евроскептицизмот во регионот.  Ова беше истакнато на регионална конференцијаВојната во Украина и влијанијата на надворешни актери – безбедносни предизвици за Европа и регионот” во организација на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје и канцеларијата на германската фондација Конрад Аденауер“ во земјава. еминовни се последиците по економската безбедност на Република Северна Македонија од војната во Украина и оттука сите заедно и бизнис заедницата и државата треба да најдат соодветни решенија за превенирање на сериозната економска безбедност која може да иницира и социјални немири во следниов период во земјата и во регионот. Исто така, како влијание на украинската војна и руската воена агресија се и влијанието на идентитетската, односно социјаталната безбедност, како резултат на тоа да се разбудат одредени радикални екстремистички национални групи кои се наоѓаат во земјата со цел да се злоупотребат одредени прашања отворени кои ги имаме на Балканот, смета професорт Марјан Ѓуровски од Филозофскиот факултет. 

Тој смета дека руската воена агресија во Украина треба да ја разбуди ЕУ, го обедини НАТО, но воедно треба да одговори каде ќе се движи ЕУ во следниот период. Ние, вели, стоиме зад нашите сојузници како граѓани, како држава, и го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет.

-Затоа не треба да постои дилема на избор на една или друга страна во војната во Украина, затоа што нема страни. Постои територија која е нападната од страна на Руската Федерација, каде имаме нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет. Ова треба дополнително да го разбуди солидаризмот, солидарната нишка основата на која е формирана ЕУ и сметам дека пред нас претстои исклучително тешка зима како резултат на недостиг на енергенси и скапиот животен стандард како недостиг на храната, нагласува Ѓуровски.  

Тоа што нашата држава беше приморана дел од енергетските ресурси да ги набави од нашиот северен сосед, а тоа е Република Србија, според него, е пораз на идејата на ЕУ и смета дека е потребен стратешки пристап на ЕУ, на ЕК, на земјите од Западен Балкан, вклучително и нашата држава, да се понудат конкретни решенија затоа што за еден период од година - две повторно ни се повторува да самата ЕУ не се снаоѓа во справувањето особено со економските последици. 

-ЕУ се наоѓа пред поправен испит на Балканот, и верувам дека првиот човек на ЕК во пакетот што ќе го понуди на Балканот, ќе бидат конкретни економски бројки, поддршка финансиска и во енергенси, затоа што на овој начин со одложувањето на процесот на преговорите, немање на сериозна финансиска поддршка за земјите од регионот, а со земањето на енергенси, пред две години земањето на вакцини од северот која е отворена врата на руското и кинеското влијание на Балканот, апсолутно доаѓа до различни влијанија и евроскептицизам кај македонските граѓани, потенцира Ѓуровски.   

Тој посочува и дека има значајна промена на јавното мислење и поддршка на европскиот пат на земјата потврдено во испитувањата на јавното мислење и ако мината година македонските граѓани имаа дилема во однос на политиката на Руската Федерација, поддршката на Кина, сега, вели, некаде над 15 проценти од испитаниците се изјаснуваат дека Русија е непријателска држава.  

-Со тоа што економската безбедност е доведена под сериозно прашање, поради недостиг на енергенси, индиректно влијае и на генералната безбедносна состојба. Не очекувам голема конвенционална војна со употреба на тешко вооружување на Балканот, затоа што отворените прашања како БиХ, Косово, односите со Србија, враќањето на големиот хегемон на Балканот, може да претставуваат одредена политичка злоупотреба и безбедносна дестабилизација до одредени рамки, но се разбира истите може да бидат контролирани. И затоа е нужно потребно финансиска инјекција и дополнително вложување од ЕУ со енергенси, подвлекува Ѓуровски. Претставникот на Канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во земјава Даниел Браун истакна дека ова прашање е важно за цела Европа, за Германија како и за Северна Македонија. -Со почетокот на војната на 24 февруари се случи историска цензура во Европа и ова е нешто на кое што ќе мора да се навикнеме и во иднина ќе мора да се справиме со тоа. Мислам дека сите ние треба да знаеме дека светот каков што беше пред 24 февруари, најверојатно во догледно време нема да биде таков и затоа многу е важно за Централна Европа, но и за овој регион, за Западен Балкан да се соочиме со новата реалност и да развиваме нови стратегии за една ваква нова иднина, рече Браун. Конфликтот во Украина, кој влезе во осмиот месец, нема наскоро да заврши, смета професорката Татјана  Дронзина од Софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски. - За жал, не предвидувам скоро завршување на таа војна. Напротив, предвидувам ескалација со оглед дека се уште не знаеме на каков начин ќе бидат присоединетите Херсон и Запорожје, дали по реалните фронтовски линии или според нивните административни граници. Зашто ако бидат присоединетите според административните граници тогаш со сигурност ќе видиме обид на Русија да ја редефинира војната, односно вие напаѓате моја територија и следствено јас сум во одбранбена позиција, посочува Дронзина. Запрашана како влијае војната во Украина на Балканот и како односите меѓу балканските држави, посебно меѓу Северна Македонија и Бугарија можат да се злоупотребат од страна на Москва, проф. Дронзина оценува дека нема промени во однос на курсот на Русија кон регионов и дека и двете земји продолжуваат да бидат жртви на хибридни напади. Последниот напад против Бугарија, вели Дронзина, беше поврзувањето на името на земјата со уривањето на како што посочува, незаконскиот Кримски мост. Колку лесно може да го искористи официјална Москва несогласувањето меѓу Скопје и Софија и колку досега е тоа злоупотребено, бугарската професорка смета дека било доста злоупотребно. -Москва може да ја експлоатира таа тема доколку тоа го дозволат бугарските и македонските политички елити, а тие тоа не треба да го дозволат затоа што тоа што се случува и кај едните и кај другите не е во интерес ниту на Бугарите, ниту на Македонците, подвлекува Дронзина. Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски во контекст на војната во Украина нагласи дека соочени со хибридни закани и обидите за хибридни упади внатре во рамките на општествата се наметнува потребата за сѐ поголема грижа и заштита на критичната инфраструктура, пред сѐ на кибер или дигитална инфраструктура, која станува поважна од онаа физичката инфраструктура, за која е потребен стратешки државен и регионален пристап. Една од главните задачи на оваа конференција рече тој, е токму да придонесе кон подобро разбирање на последиците од радикалните општествени промени: начинот на кој тие влијаат врз нарушувањето на општествената кохезија, промените во обрасците на однесување и вредносните системи, како и стратегиите што индивидуите и групите ги преземаат за справување со последиците од промените. Дебатата има цел да понуди платформа за размена на знаење и искуства меѓу универзитетски професори и експерти од областа на безбедноста и меѓународните односи од регионот, поточно Северна Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, како и од Германија. вг/ац/

Остани поврзан