• петок, 05 декември 2025

Консеисао по пресвртот против Болоња: Не е ова најдобрата игра на Милан

Консеисао по пресвртот против Болоња: Не е ова најдобрата игра на Милан

Милано, 10 мај 2025 (МИА) - Тренерот на Милан, Серхио Консеисао, се огласи по победата на неговиот тим од 3-1 против Болоња во натпреварот од 36-тото коло од италијанската Серија „А“.

-Не е ова најдобрата игра на Милан. Победивме тим против кој беше тешко да се игра, рече Консеисао.

Со успехот, „росонерите“ привремено ја намалија разликата од зона „Европа“ на три бода.

Интересно е што двата тима ќе се сретнат повторно за неколку дена во големото финале на турнирот во Купот на Италија.

Куп натпреварот е закажан за 14 мај (среда) во 21:00 часот по наше време. дс

Фото: Архива

Остани поврзан