Консеисао: Нашиот пристап со Фиорентина беше ужасен во првите 25 минути
- Тренерот на Милан, Серхио Консеисао ги сумираше впечатоците од натпреварот од 31. коло на италијанското првенство против Фиорентина.

Милано, 6 април 2025 (МИА) - Тренерот на Милан, Серхио Консеисао ги сумираше впечатоците од натпреварот од 31. коло на италијанското првенство против Фиорентина.
Милан одигра 2:2 спасувајќи се од пораз по водството на гостите од Фиренца со 2:0.
- Имавме индивидуални грешки, и не само во одбраната. Тимот правеше неизнудени грешки и, да бидам искрен, има некои аспекти на кои се обидуваме да работиме на тренинзите. Во првите 25 минути нашиот пристап беше ужасен, нималку каков што го подготвивме. И на крајот јас сум виновен, бидејќи јас сум тренер, изјави Консеисао за „Скај Спорт Италија“.
Милан со 48 бода останува на деветтото место во Серија А. Фиорентина е осма во поредокот со 52 бода. зс/
Фото: ЕПА