• четврток, 02 јануари 2025

Консеикао ќе го води Милан по заминувањето на Фонсека

Консеикао ќе го води Милан по заминувањето на Фонсека

Милано, 30 декември 2024 (МИА) – Португалецот Серхио Консеисао ќе стане главен тренер на Милан, објави новинарот Фабрицио Романо.

Според Романо, 50-годишниот фудбалски стручњак ќе го води миланскиот клуб по заминувањето на Пауло Фонсека. 

Детали за договорот се уште не се објавени.

Во јуни 2024 година, Консеисао го напушти Порто. Со португалскиот клуб освои 11 трофеи, од кои три во првенството и четири во Купот на Португалија.

Милан се наоѓа на осмото место во Серија А со 27 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан