• петок, 22 ноември 2024

КОНМЕБОЛ и предложи на УЕФА да биде домаќин на натпревар помеѓу Аргентина и Италија

КОНМЕБОЛ и предложи на УЕФА да биде домаќин на натпревар помеѓу Аргентина и Италија
Рио де Жанеиро, 13 јули 2021 (МИА) - Фудбалската конфедерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) ја покани Европската асоцијација (УЕФА) да одржи натпревар помеѓу репрезентациите на Аргентина и Италија. Аргентина го освои Купот на Америка пред два дена, додека Италија стана европски шампион. КОНМЕБОЛ верува дека таков натпревар ќе стане традиционален „дуел на шампионите“. Поради проблеми со календарот, исклучително е тешко да се организира ваков натпревар во 2021 година. Средбата може да се одржи во 2022 година, пишува новинарот на „TyC Sports“, Цезар Луис Мерлот. зс/

Остани поврзан