• петок, 22 ноември 2024

Конгресот официјално известен за убиството на иранскиот генерал Сулејмани (КРГ)

Конгресот официјално известен за убиството на иранскиот генерал Сулејмани (КРГ)
Вашингтон, 6 јануари 2020 (МИА) – Белата куќа го информираше официјално Конгресот за акцијата спроведена во петокот по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, во која во воздушен напад беше убиен иранскиот воен командант Касим Сулејмани. Забележано е дека голем број демократи од Конгресот го критикуваа Трамп затоа што не побарал одобрување од Конгресот за нападот, што предизвика драматично зголемување на тензиите меѓу Иран и САД и нејзините сојузници. Известувањето беше испратено согласно законот од 1973 година, во кој се предвидува дека администрацијата е должна да го извести Конгресот во рок од 48 часа за спроведување воена акција. Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси рече дека ударот е извршен без одобрение и консултација со Конгресот. зш/гт/

Остани поврзан