• петок, 22 ноември 2024

Конгресот на САД поблиску до договор за новиот пакет економска помош за Американците 

Конгресот на САД поблиску до договор за новиот пакет економска помош за Американците 

Вашингтон, 16 декември 2020 (МИА) - Конгресот на САД е поблиску до договар во висина од 900 милијарди долари федерална економска помош, а законот најверојатно ќе биде изгласан пред католички Божиќ.  

Иницијативата предвидува нова рунда преговори за мерките за економска стимулација и продолжување на исплатите за невработеност. Пакетот предвидува и еднократна помош од 1.200 долари за секој Американец со ниски приходи. 

Лидерите во Конгресот успееја да направат вистински прогрес на дискусиите, кои во вторникот продолжија до доцна во ноќта. Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел, синоќа изјави дека постои оптимизам. -Има постигнато значителен прогрес во разработката на пакетот за помош поврзан со пандемијата. Ни требаат пари за распространување на вакцината, треба да со обнови програмата за помош на бизнисот, за да се зачуваат работните места, треба да се продолжи со поддршката на невработените, истакна тој. - Прашањето не е затворено, но сме многу блиску (до договор), изјави Чак Шумер, лидер на демократите во Сенатот. кб/ сд/

Остани поврзан