• недела, 22 декември 2024

Конгресмени ја повикаа администрација на Бајден да ги засили енергетските санкции против Русија 

Конгресмени ја повикаа администрација на Бајден да ги засили енергетските санкции против Русија 

Вашингтон, 22 декември 2023 (МИА) - Членовите на Комитетот за финансисики услуги на Претставничкиот дом, испратија денеска писмо до Белата куќа со предлог да се засилат енергетските санкции против Русија. 

„Се обраќаме до администрацијата на Бајден и во повикот настојуваме да се преземат мерки за огранчување на доходите на Москва во цврста валута, да се запре неуспешната шема со ограничувања на цената на нафтата и да се воведат сеопфатни енергетски санкции против Русија“, се наведува во повикот на конгресмените. 

Според писмото, од моментот на ограничувањето на цената на руската нафта, извозот на сурова нафта досега на Русија и донел 250 милијарди долари, притоа само Кина увезла руска нафта и нафтени производи во вредност од 57 милијарди долари. Како резултат на овие рекордни приливи во рускиот буџет Кремљ идната година планира да го удвои буџетот за одбрана. 

-Ограничувањето на цените на нафтата помогнаа тоа да стане возможно, изјавија конгресмените. 

Од Националниот совет за безбедност тие побараа изготвување на тотално ембарго за руските енергетски ресурси, бидејќи шемата со плафонот на цената на руската нафта не работи, и да се даде потребната помош на Украина за да може да извојува победа. кб/сд/  

Остани поврзан