• недела, 17 ноември 2024

Комитет на ОН го обвини Израел за сериозно кршење на правата на децата во Појасот Газа

Комитет на ОН го обвини Израел за сериозно кршење на правата на децата во Појасот Газа

Женева, 19 септември 2024 (МИА) – Комитетот на ОН за правата на децата денеска го обвини Израел за тешки прекршувања на глобалниот договор за заштита на правата на децата, наведувајќи дека војната на земјата во Појасот Газа е меѓу најтешките прекршувања во поновата историја.

- Невидената смрт на деца е речиси историски единствена. Ова е исклучително темно место во историјата, изјави Браги Гудбрандсон, потпретседател на Комитетот.

Тој додаде дека смета оти никогаш немало „масовно“ кршење на правата на децата како што моментално се случува во палестинската енклава, пишува „Тајмс оф Израел“. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан