• понеделник, 23 декември 2024

Комисијата за прашања на изборите и именувања ќе расправа по четири предлози за Уставен судија

Комисијата за прашања на изборите и именувања ќе расправа по четири предлози за Уставен судија

Скопје, 7 ноември 2023 (МИА) – Професорите Јадранка Дабовиќ Анастасовска, Родна Живковска и Саво Климовски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ –Скопје, и  долгогодишниот судија и обвинител Тодор Никола Витларов, се четирите предлози за Уставен судија за кои денеска во Собранието расправа Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Професорката Јадранка Дабовиќ Анастасовска е на предлог од владејачкото мнозинство, додека, останатите тројца денеска ги предложи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Од нив треба да биде избран само еден кандидат.

Предлогот за нов уставен судија е поради испразнето место на судијата Јован Јосифовски чиј мандат истече во јануари 2022 година. ар/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан