Колона возила и понатаму чека за излез од државата кај граничниот премин Делчево - Станке Лисичково
- Околу четириесетина минути до еден час и понатаму се чека за влез во Република Бугарија на македонско-бугарската граница кај Граничниот премин Делчево - Станке Лисичково, каде утрово за излез од државата се чекаше и до два часа, а коллната беше долга 850 метри.
Делчево, 8 јануари 2023 (МИА) - Околу четириесетина минути до еден час и понатаму се чека за влез во Република Бугарија на македонско-бугарската граница кај Граничниот премин Делчево - Станке Лисичково, каде утрово за излез од државата се чекаше и до два часа, а коллната беше долга 850 метри.
Според информациите со кои располага дописникот на МИА, за влез во РСМ нема подолги задржувања. Иако поголем број граѓани се враќаат од продолжен викенд, за влез во државата на овој граничен премин до 15:00 часот се чека околу 10 минути.
-Процедурите се нормални при влез во Македонија и нема задржување. При влез во државата забележлива е колона возила долга околу 200 метри кои сакаат да ја напуштат државата и да заминат на зимување во некој од рекреативните центри во соседството, вели семејство од Делчево кое се враќа од продолжен викенд во Бугарија.
На патниот правец кој води кон овој граничен премин се вози по влажни коловози поради што надлежните препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. вс/аа/
Фото: МИА