• петок, 22 ноември 2024

Колман побрз од Лајлс

Колман побрз од Лајлс

 

Глазгов, 2 март 2024 (МИА) – Во најинтересното финале на првиот ден од Светското атлетско првенство во сала во Глазгов, трката на 60 метри во машка конкуренција, светскиот рекордер во оваа дисциплина Американецот Кристијан Колман го освои златниот медал пред сонародникот Ноа Лајлс.

Колман во финалето истрча најдобар резултат оваа година во светот од 6.41 секунди.

Второпласираниот Лајлс заостана три стотинки, а Аким Блејк од Јамајка ја освои бронзата со време од 6, 46 секунди.

На вториот ден од СП во Глазгов својот настап вечерва ќе го има единствениот македонски претставник Андреас Трајковски во дисциплината скок во далечина. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан