• недела, 22 декември 2024

Колефски се обрати до своите сограѓани и побара поддршка за продолжување на проектите за подобра општина Пустец 

Колефски се обрати до своите сограѓани и побара поддршка за продолжување на проектите за подобра општина Пустец 

Дебар, 7 април 2023 (МИА) - Актуелниот градоначалник на општина Пустец, Мала Преспа, Пали Колефски, кој на локалните избори, што ќе се одржат на 14 мај, вторпат ќе ја побара довербата од жителите на оваа македонска општина во Албанија, првпат по официјалното објавување на кандатурата се обрати до своите сограѓани. 

Во пораката меѓу другото наведува дека на функцијата дошол во многу тешко време и ситуации, споменувајќи ги катастрофалниот земјотрес од 26 номеври 2019 година и пандемијата во февруари 2020 година, но реализирал повеќе проекти во интерес на општината и нејзините жители.  

- Ја најдов Преспа во многу тешка состојба во органзирањето и инфраструктурата. Овој пат стојам пред вас горд со крената глава за да изразам голема благодарност кон оние кои ми веруваа во раелзирањето на нашата програма. Иако сме мала општина се покажавме и реализиравме големи проекти, кои на прв поглед излегаа неостварливи, стои во пораката. 

Додава дека со максимално залагање на локалната власт биле надминати проблеми кои жителите ги тиштеле со децении. 

- Реалзиравме прокти кои за три децении ниту им доаѓаше редот за реализација. Овие достигнувања и оваа развојна програма се посветени на прекрасните и вредни луѓе на општина Пустец, без чија поддршка не би било возможно да се вратат изгубеното време и надежта за иднната, посочува Колефски во пораката објавена на Фејсбук.  

Пали Колефски (43), е заеднички кандидат на владејачката Социјалистичка партија и македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.  

Негов против кандидат е Панди Јани (31) кој е кандидат на Партијата на слободата на поранешниот албански претседател Илир Мета, која е дел од изборната коалиција „Заедно победуваме“.  вт/ цр

Фото: фејсбук

Остани поврзан