Коен: Израел ќе ја продолжи војната со или без меѓународна поддршка
- Прекинот на огнот, смета Коен, би бил „подарок за Хамас“, со кој ќе му се дозволи повторно да му се закани на Израел. Коментарот на израелскиот министер за надворешни работи доаѓа откако 153 членки на ОН ноќеска ја изгласаа резолуцијата со која се повикува на итен прекин на огнот, додека само 10 гласаа беа против.
Тел Авив, 13 декември 2023 (МИА) – Шефот на израелсдката дипломатија Ели Коен денеска изјави дека неговата земја ќе ја продолжи војната со или без меѓународна поддршка, јави Скај Њуз.
Прекинот на огнот, смета Коен, би бил „подарок за Хамас“, со кој ќе му се дозволи повторно да му се закани на Израел.
Коментарот на израелскиот министер за надворешни работи доаѓа откако 153 членки на ОН ноќеска ја изгласаа резолуцијата со која се повикува на итен прекин на огнот, додека само 10 гласаа беа против.
Во меѓувреме, американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Израел почнува да ја губи поддршката поради „неселективното бомбардирање“ во Газа.
Хуманитарната канцеларија на ОН (OCHA) била узвестена од палестинското Министерство за здравство во Газа, управувано од Хамас, дека во израелската офанзива во енклавата досега се убиени 18.205 Палестинци, а повеќе од 50.000 се повредени. сд/
фото:МИА архива