• петок, 04 октомври 2024

Ковачки: Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум да продолжи согласно законите и Деловникот

Ковачки: Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум да продолжи согласно законите и Деловникот
10 септември 2022 
Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во своето гостување во вестите на Сител зборуваше за Иницијативата која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието за да се одржи Референдум и истакна дека очекуваат од владејачкото мнозинство да не се обидуваат да изнаоѓаат раноразни начини да го саботираат практично референдумското изјаснување односно да дозволат да продолжи оваа Иницијатива согласно законите и согласно Деловникот.-Она што ние го очекуваме од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери е да постапува согласно законите и согласно Деловникот односно согласно со неговите надлежности. Во текот на правењето на референдумското прашање се конслултирани голем број на правни експерти од областа. Очекуваме да не се обидуваат да изнаоѓаат раноразни начини да го саботираат практично референдумското изјаснување односно да дозволат да продолжи оваа иницијатива согласно законите и согласно Деловникот, речеКовачки.Ковачки во текот на своето гостување потенцираше дека власта не треба да си игра со народот и треба да дозволи да се прашаат граѓаните дали се ЗА или Против Бугарскиот Договор со цел да се  види во кој правец ќе продолжи  државата.-Едно е Собрание, нема повеќе Собранија во Република Македонија, тоа се знае кое е Собранието, така да тие ако сакаат да имаат некаква политичка  волја да го опструираат секако дека тоа можат да го направат, меѓутоа да не бегаат од јавноста, да не си играат со народот, значи да дозволат едно референдумско изјаснување, да ги прашаме граѓаните дали се ЗА или ПРОТИВ Бугарскиот Договор со цел да видиме во кој правец ќе продолжи нашата држава,додаде Ковачки. -Станува збор за надпартиско прашање, станува збор за национално прашање и од ова место ги повикувам сите граѓани на Република Македонија, сите општествени чинители да ни се придружат во собирањето  односно во поддршката на нашата Иницијатива. Она кое можам да го кажам е дека ние очекуваме тој Референдум да биде успешен, истакна Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Драган Ковачки во своето гостување во вестите на Сител.Тој во текот на своето гостување побара власта да ги прифати резултатие од граѓаните кои што ќе се изјаснат за рефендумското прашање.-Меѓутоа овде сакам да разбијам и една стигматизација која што се прави ете на некој начин се фрла една дамка на овој искрен пристап за зачувување на македонскиот идентитет и историја, а тоа е дека ова власта кое што го кажува и некои структури на власта кои се обидуваат да го оцрнат референдумското прашање и целиот процес на Референдум. Сакам да направам една паралела со Преспанкиот Договор. Имаше Референдум и власта го прогласи како успешен со неколку стотици илјади гласови каде прогласи победа иако знаеме каков беше резултатот, така иако не успеее, а јас верувам дека ќе успее, ќе ја повикаме власта да постапи на ист начин како што постапи со Преспанкиот Договор односно да ги прифати резултатие од граѓаните кои што ќе се изјаснат за рефендумското прашање.Во текот на своето гостување Ковачки потсети дека ВМРО-ДПМНЕ бара заедно со Референдумот да се се одржат предвремени парламентарни избори и на предвремени претседателски избори за да не се прават дополнителни трошоци и да се одбранат националните интереси.- Ние во моментот бараме предвремени избори не само парламентарни, туку бараме на ист ден да одиме и на Референдум, бараме и на ист ден да одиме и на предвремени парламентарни избори, да одиме  и на предвремени претседателски избори затоа што гледате дека во последно време претседателот се изгуби во функцијата која што му е доделена, за која го гласаа граѓаните и не е во сотојба да ги брани македонските национални интереси. Цениме дека на еден ист трошок, значи да не се прават дополнителни трошоци за граѓаните, тоа да го направиме, сите овие избори да ги оргазираме на еден ист ден, додаде тој. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан