• недела, 22 декември 2024

Ковачевски: Србија ќе ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас

Ковачевски: Србија ќе ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас
Скопје, 23 октомври 2022 (МИА) - Србија ќе ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас, соопшти вечерва премиерот Димитар Ковачевски. - Ветив дека ќе направиме се и дека ќе работиме секојдневно за никој да не мора сам да се справува со оваа криза. Струја, енергенси и храна мора да има за сите. Токму затоа, по интензивна комуникација со колешката Брбаниќ, официјален Белград реши да ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас, напиша Ковачевски на „Фејсбук“. Посочува дека преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на Отворен Балкан и преку партнерскиот однос,  обезбедена е поддршка онаму каде највеќе треба, односно компресиран гас за училиштата и болниците во многу градови низ земјата. бак/

Остани поврзан