• недела, 22 декември 2024

Ковачевски: Се грижиме за пензионерите

Ковачевски:  Се грижиме за пензионерите

Скопје, 6 април 2024

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска со пензионерите од општина Карпош, разговараше за  досегашните и идните мерки од програмата на СДСМ за пензионерите, како и за предлозите и прашањата што се од нивен интерес.

На средбата,Ковачевски посочи дека во зиминатите 7 години, СДСМ во комуникација со Сојузот на здруженија на пензионери креираше повеќе мерки за секој пензионер да може да ужива во плодовите од својот работен век и од вложениот труд.

Владата предводена од СДСМ, донесе нова Методологија со која пензионерите добиваат во просек 6.000 денари повеќе. Просечната пензија денес изнесува 20.195 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра. Минималната пензија денес изнесува 13.150 денари, што е за 4.300 денари повисока во однос на 2016 година, односно повисока пензија за речиси 50%. 

Пензионерите не беа заборавени и во време најголемите кризи, во секој пакет антикризни мерки беа предвидени и мерки за помош на пензионерите. Така, во последниот 9-ти пакет, се издвоија 35 милиони евра за поддршка на 187.000 пензионери со што пензионерите добија од 1.500-3.000 денари месечно финансиска поддршка со цел полесно да ја пребродат зимата и кризата.

Грижата за стандардот на пензионерите е наша должност, затоа што пензионерите заслужуваат да имаат достоинствен живот и но пред сѐ затоа што солидарноста е една од најважните вредности на СДСМ, порача Ковачевски.

При тоа, претседателот Ковачевски, ги информираше пензионерите, дека СДСМ се грижи и секогаш ќе се грижи за благосостојбата на пензионерите. Затоа и во новата четиригодишна програма на СДСМ се повеќе мерки со кои ќе се обезбеди подобар животен стандард и достоинствена старот на пензионерите. Во програмата е предвидено просечната пензија да достигне 30.000 денари, а минималната пензија 20.000 денари.

Исто така, како дел од мерките за пензионери со новата програма на СДСМ, се предвидива воведување на енергетски пакети за пензионери кои живеат сами од 1.500 денари месечно, 6 месеци во зимскиот период, со што ќе им се олесни семејниот буџет во текот на зимата, како и исплата на зимски регрес за пензионери, почнувајќи од декември 2024 година. Предвидено е воведување на пензионерска еднаквост што значи исплата на загарантирана минимална пензија на жените и мажите кои живеат со семејна пензија. Воедно, во програмата е предвидено воведување можност за систем за работно ангажирање на пензионерите, доброволно оние кои можат и сакаат, за дополнително финансиско зајакнување на пензионерите. 

Ковачевски им порача на пензионерите дека со СДСМ  секогаш може да очекуваат партнерски однос и дека соработката ќе продолжи и понатаму со со цел да имаат подобар живот, стандард и да бидат над прагот на сиромаштијата.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

Остани поврзан