• недела, 22 декември 2024

Ковачевски: Пратеничката листа на СДСМ и коалицијата е донесена на најдемократски начин

Ковачевски: Пратеничката листа на СДСМ и коалицијата е донесена на најдемократски начин

Скопје, 25 март 2024 (МИА) - Пратеничката листа на СДСМ и коалицијата беше донесена на најдемократски начин во СДСМ, преку едногласни одлуки и на ЦО и на ИО и со 99,98 отсто гласови од присутните делегати на конгресот, вели лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

- СДСМ и коалицијата нудат една исклучително квалитетна пратеничка листа која ќе обезбеди прво доверба од граѓаните, а потоа ќе ги застапува граѓаните во Парламентот со цел обезбедување на европска иднина на државата. Се работи за една листа којашто ја респектирам, која беше донесена на најдемократски начин во СДСМ, преку едногласни одлуки и на ЦО и на ИО и со 99,98 отсто гласови од присутните делегати на конгресот, рече Ковачевски во интервју за Националната телевизија (МТВ). 

Според Ковачевски, доколку се погледнат предложените носители, но и другите кандидати, ќе се види дека меѓу нив се наоѓаат луѓе кои многу успешно се справиле со Ковид пандемијата, со економската и енергетската криза, со одржувањето на стандардот на граѓаните во услови на голема инфлација и луѓе кои работеле на зголемување на инвестициите во државата и намалување на невработеноста. 

Говорејќи за работењето на Владата во изминатите седум години, Ковачевски рече дека постигнале многу - членство во НАТО, преговори со ЕУ ...

- Во време на СДСМ обезбедивме 2,6 милијарди евра антикризни мерки за граѓаните, бидејќи тоа се финансиски средства што треба да се финансираат во буџетот. Обезбедивме непречено снабдување со електрична енергија во време на најголема криза и да ја искористиме како шанса. Затоа, исто така сум горд не само на себе, туку и на сите што работат со мене и на македонската економија што за две години имаме инсталирано 600 мегавати обновливи извори на енергија кои само споредете ги со она што е инсталирано во 2016, 16 мегавати. Значи историски најголемо ниво на инсталирани обновливи извори на енергија, додаде Ковачевски.

Според него, пристапувањето кон полноправно членство во ЕУ е клучен процес за уште поголемо зголемување и на платите и на пензиите.

-Затоа велам дека со програмата на СДСМ 2024 – 2028 ќе продолжи и зголемувањето на платите и зголемувањето на пензиите и намалувањето на невработеноста и поддршката на индустријата која не постоеше до 2017 година. Ние првпат ја воведовме таа и сега ќе биде сега дуплирана. Ќе го зголемиме субвенционирањето во земјоделството и земјоделското производство. Поддршката за младите, поддршката за лицата кои првпат влегуваат на пазарот на работна сила се со цел да ги постигнеме овие цели, нагласи Ковачевски.

Според него,  ВМРО-ДПМНЕ немаат план за иднината, немаат план за зачленување во ЕУ, додека СДСМ има јасен план до 2028 година и пристапување кон членство до 2030 година. дма/бак/

Фото: СДСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан