• четврток, 19 декември 2024

Ковачевски - Рама: Северна Македонија и Албанија имаат заедничка цел - членство во ЕУ до 2030 година

Ковачевски - Рама: Северна Македонија и Албанија имаат заедничка цел - членство во ЕУ до 2030 година
Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски, одржа тет-а-тет средба со неговиот албански колега Еди Рама непосредно пред одржувањето на меѓувладината конференција на владите на Северна Македонија и на Албанија, при што двајцата ја потенцираа важноста за натамошно унапредување на билатералната соработка, која и сега е на високо ниво. Како што соопштија од владината Прес-служба, премиерите дискутираа за потребата од зацврстување на соработката во повеќе сегменти, особено во овие турбулентни времиња на воени превирања и светска енергетска криза.На средбата, се посочува, се дискутираше и за евроинтегративните процеси на двете земји и важноста од фокусирана посветеност, сè со цел земјите да станат полноправни  на ЕУ членки до 2030 година. Премиерите Ковачевски и Рама на средбата посочија дека денешната меѓувладина седница е од исклучително значење од што бенефит ќе имаат двете држави и граѓаните, во речиси сите области каде што има потенцијал за унапредување на соработката. - Премиерите Ковачевски и Рама се согласија дека добрите билатерални односи помеѓу двете земји, се од голема важност и за економскиот развој, како и за продлабочување на бизнис соработката меѓу стопанствениците од двете земји. Негувањето на добрите релации, поврзување на народите, инфраструктурно зајакнување меѓу двете земји е од голема важност за натамошен напредок, беше заклучено на состанокот.се наведува во соопштението. вг/сп/

Остани поврзан