• среда, 20 ноември 2024

Ковачевски: Позитивно е што сите седнавме на заедничка маса

Ковачевски: Позитивно е што сите седнавме на заедничка маса
Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) - Собранието непречено да функционира, а сите пратеници да се вклучат во носење на законите особено во законите од судството, правото... Ние како Влада сме отворени за соработка и сега е потребна инклузивност и обединетост, а темата за ЕУ да не е терен за дневна политика, побарал премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба со претседателите на парламентарните партии. Ковачевски ги информирал за евроинтеграцискиот процес, но и за енергетската состојба во земјата, за законите од областа на правото што треба да бидат донесени, како и за Буџетот за 2023 година. Понудил и заклучоци што би произлегле до средбата со кои побарал парламентарните партии зачленувањето во ЕУ да се смета за надпартиски интерес и сите чинители треба да дадат целосна поддршка. Но, Ковачевски кажа дека сепак нема заеднички заклучоци кои би произлегле од средбата. Премиерот изрази задоволство што сите претседатели на парламентарни партии освен двајца присуствувале на средбата. -Сите политички партии ги кажаа своите ставови, а дел од нив се познати во јавноста. Клучно е дека седнавме на маса да разговараме за овие прашања, рече Ковачевски. ев/аа/

Остани поврзан