• петок, 22 ноември 2024

Ковачевски најави дека ќе се бара оптимална цена за тестовите за Ковид-19

Ковачевски најави дека ќе се бара оптимална цена за тестовите за Ковид-19
Тетово, 31 јули 2022 (МИА) - Во разговори со претставници на јавното здравство и на приватните здравствени установи треба да се бара начин за формирање на оптимална цена на тестовите за Ковид-19, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарско прашање како ќе се подобри состојбата со оглед дека тестови нема во државните установи, а граѓаните алармираат на високи цени во приватните центри, премиерот кажа дека веќе разговарале со министерот за здравство Беким Сали дека бројот на тестови за Ковид-19 во јавното здравство ги има во доволен број и во однос на цената во приватното здравство. -Ние веќе разговараме со министерот за здравство во однос на количините на тестови кои што ги има во јавното здравство кои се на доволно ниво и во однос на цената која што се нуди во приватното здравство. И нормално ќе треба да се седне заедно и со оние кои што во приватното здравство ги нудат бидејќи се работи за приватни економски оператори и да се види која би можело да биде оптималната цена која би можеле да ја имаме оваа есен бидејќи како што гледаме короната се уште е присутна во светски рамки не само кај нас. Бројките растат, истакна Ковачевски од Тетово. Според него, добро е што е створено одредено ниво на колективен имунитет во општеството. -Со тоа болничките капацитети не се преоптеретени како што беше при првите бранови во 2020 особено. Целиот здраствен сектор е подготвен, нашите здравствените работници имаат искуство во однос на справувањето исто така и граѓаните имаат поголемо искуство во однос на совата личната заштита и третирање, изјави Ковачевски. ас/ев/

Остани поврзан