• четврток, 21 ноември 2024

Ковачевски: Директорот на АНБ во Хрватска беше на службено патување, има полициски записник за сообраќајката

Ковачевски: Директорот на АНБ во Хрватска беше на службено патување, има полициски записник за сообраќајката

Скопје, 1 декември 2023 (МИА) - Директорот на Агенцијата за национална безбедност бил на службено патување во Хрватска, со сите одобренија. Со возилото управувал возач и имал обезбедување. За целиот настан постои полициски записник и се било регулирано согласно законите. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратеничко прашање дали е запознаен со случајот во кој директорот на АНБ Зарко Милошевски во октомври годинава со возило дадено на користење од СОЗР кај Неум во Хрватска учествувал во сообраќајна незгода и платил казна.

-Кој лаже и кому не може да му се верува, слушнавме најубаво вчера од помошникот државен секретар на Америка. И од кого, ни кола не треба да се купи и за кого не треба да се гласа, рече Ковачевски во одговорот. 

По одговорот на премиерот, Јанушев посочи дека се шпекулира, односно, како што рече, дека станува збор за приватно патување. свд/бак/

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Остани поврзан