• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски: Владината коалиција е стабилна, посветена на подобрување на животниот стандард на граѓаните

Ковачевски: Владината коалиција е стабилна, посветена на подобрување на животниот стандард на граѓаните
Скопје, 19 јуни 2022 (МИА) - Владината коалиција е стабилна, единствена, ефикасна во работењето, но најважно од сѐ е посветена на подобрување на животниот стандард и интересите на граѓаните и државата, истакнува премиерот Димитар Ковачевски за денешната средба со владината коалиција. - Денес, заедно со коалиционите партнери се собираме во исклучително сложен политички, економски и безбедносен амбиент. Условите во кои Владата и парламентарното мнозинство функционира се најтешки до сега, се наоѓаме во најголемата економска, енергетска, ценовна и безбедносна криза по Втората Светска Војна, напиша премиерот Ковачевски на својото фејсбук-профил. Со овој наш состанок, посочува Ковачевски, ние покажуваме врвна и целосна посветеност, одговорност и фокусираност во решавањето на проблемите на граѓаните.фф/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан