• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски-Рибеиро: Северна Македонија е на линија на интернационалните стандарди во областа на медиумите

Ковачевски-Рибеиро: Северна Македонија е на линија на интернационалните стандарди во областа на медиумите
Скопје, 14 септември 2022 (МИА) - Северна Македонија е на вистинската патека во однос на медиумските слободи и права и на линија на интернационалните стандарди во областа на медиумите, било констатирано на денешната средба што премиерот Димитар Ковачевски ја имаше со претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Тереза Рибеиро и од шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.На средбата, како што соопштија од владината прес-служба, заеднички е оценето дека медиумите и граѓанскиот сектор имаат значајна улога во развојот на демократијата и дека слободата на медиумите е клучна за безбедноста и стабилноста во секоја држава. Во таа насока е истакнато значењето на објективното и професионалното новинарство, како и на квалитетен и професионален јавен сервис, со цел точни, непристрасни и навремени информации од значење за граѓаните.На средбата е разговарно и за важноста на прашањето за безбедноста на новинарите.Премиерот Ковачевски соопштил дека Владата е цврсто определена кон почитување и примена на европските стандарди во медиумската област.- Владата ја почитува слободата на медиумите и новинарите имаат целосна поддршка и кога се работи за заштитата на нивните права и нивната безбедност. Како држава којашто ги почна преговорите со ЕУ, во рамки на преговарачкиот процес ќе ги вградиме сите регулативи, водејќи се од добрите европски пракси, коишто се во насока на унапредување на квалитетот и професионалноста во медиумската сфера, како и на заштитата на правата на новинарите и медиумските работници, нагласил Ковачевски.На состанокот е разговарано и нза можностите што ги отвора добрата соработка со ОБСЕ за размена на нови искуства и информации во оваа област.  Премиерот Ковачевски му се заблагодарил и на амбасадорот Која, кому му завршува мандатот, за неговата посветена работа и придонес во демократските процеси во земјава. бак/

Остани поврзан