• понеделник, 25 ноември 2024

Коалицијата што ја предводи СДСМ ги достави листите за пратеници до ДИК

Коалицијата што ја предводи СДСМ ги достави листите за пратеници до ДИК

Скопје, 2 април 2024 (МИА) - Коалицијата што ја предводи СДСМ прва ги достави листите за пратеници до Државната изборна комисија за парламентарните избори на 8 мај. Како што информираат од ДИК, доставени се листи за пратеници за сите шест изборни единици.

Рокот за доставување на изборните листи за пратеници истекува вечерва на полноќ, а денеска исто така се очекува ДИК да го заклучи Избирачкиот список и за претседателските и за парламентарните избори. 

Собранието вчера донесе нови измени на Изборниот законик со кои политичките партии односно листите за пратеници ќе го имаат истиот број како и кандидатите за претседател за изборите на 24 април. ев/аа/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан