• понеделник, 23 декември 2024

Клучот од занданата во која починал Наполеон, продаден за 92.000 евра

Клучот од занданата во која починал Наполеон, продаден за 92.000 евра
Лондон, 15 јануари 2021 (МИА)  - Клуч од занданата во која починал Наполеон Први Бонапарта, додека бил во заточеништво на британскиот остров Света Елена, е продаден на аукција во Лондон за 81.900 фунти (92.000 евра). Како што објави аукциската куќа „Сотби“ во Лондон, парчето метал долго 13 сантиметри, а старо над два века, беше продадено за многу повисока цена од првичната проценка на околу 5.000 фунти (5.500 евра). Организаторите пред продажбата објавија дека клучот е пронајден во кутија во куќа во Шкотска. Сопствениците знаеле дека го имаат клучот, но не знаеле каде точно се наоѓа. Еден војник, по име Чарлс Ричард Форд, кој бил на Света Елена по смртта на францускиот император во 1821 година, го зел клучот и го однел во Шкотска за да ѝ го подари на мајка сѝ, инаку голема обожавателка на Наполеон, која му испраќала слатки и книги на императорот за време на неговото заточеништво. си/сд/

Остани поврзан