• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Клупската легенда Фергусон на клупата на Ренџерс

Клупската легенда Фергусон на клупата на Ренџерс


Глазгов, 24 февруари 2025 (МИА) – Поранешниот капитен на Ренџерс, Бери Фергусон (47) е назначен денеска за нов тренер на клубот до крајот на оваа сезона, соопшти шкотскиот фудбалски гигант.
Фергусон доаѓа на местото на Белгиецот Филип Клемент, кој доби отказ во неделата.
Клемент го водеше Ренџерс од октомври 2023 година, освојувајќи го шкотскиот Лига куп минатата сезона.
„Поранешниот играч и капитен на Ренџерс, Бери Фергусон се враќа во клубот во тежок момент“, изјави извршниот директор на клубот од Глазгов, Патрик Стјуарт за клупската веб-страница.
Фергусон играше за Ренџерс во два наврати вкупно девет години, освојувајќи пет титули во лигата, пет шкотски куп титули, како и пет трофеи во Лига купот. Како тренер ги предводеше нисколигашите Клајд, Келти Хартс и Алоа Атлетик.
Ренџерс во момент ве на второто место во првенството на Шкотска, со 13 бодови помалку од Селтик. ег
ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан