• петок, 22 ноември 2024

Клубот на милијардерите во Германија порасна при корона-кризата

Клубот на милијардерите во Германија порасна при корона-кризата
Цирих, 7 октомври 2020 (МИА) - „Клубот на супербогатите во Германија“ се зголеми за време на корона-пандемијата, а и нивното богатство е значително поголемо, покажуваат проценките на консултантската куќа ПВЦ и швајцарската банка УБС. И вкупната имотна вредност на милијардерите се зголеми, откако падна на почетокот на пандемијата на 594,9 милијарди долари, до крајот на јули. Така, бројот на овој клуб на милијардери се зголеми од 114 на 119 лица. Најбогатото семејство во Германија е семејството Рејман, чие богатство се проценува на 32 милијарди евра. На второ место е основачот на Лидл, Дитер Шварц, со околу 30 милијарди евра имот. На трето место се Сузана Клатен и Штефан Квант, кои поседуваат половина од акциите на БМВ, а нивните средства доживеаја пад, поради корона-кризата, за 1,5 милијарди, на 25 милијарди евра. си/сд/

Остани поврзан