• сабота, 23 ноември 2024

Клосе: Да имав барем пет проценти од техниката на удар на Кејн, ќе постигнев 30 гола на Светското првенство

Клосе: Да имав барем пет проценти од техниката на удар на Кејн, ќе постигнев 30 гола на Светското првенство

Берлин, 9 февруари 2024 (МИА) - Поранешниот германски фудбалски репрезентативец Мирослав Клосе ги наведе силните страни на напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн.

- Она што најмногу ме импресионира е ударната техника на Кејн. Да имав само пет проценти од тоа, веројатно би постигнал 30 гола на Светското првенство. Кејн кога шутира прави исто како тенисер кога сервира. Тенисерот ударот го прави со зглобот на раката, Хари го прави со стапалото и глуждот, изјави Клосе за „Билд“.

Четириесет и петгодишниот Клосе се пензионираше во 2016 година. Тој го држи рекордот на светските првенства по постигнати голови - 16. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан