• понеделник, 23 декември 2024

Клоп: Тешко е да се објасни зошто изгубивме со 4:1

Клоп: Тешко е да се објасни зошто изгубивме со 4:1
Ливерпул, 7 февруари 2021 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не може да си го објасни високиот пораз (1:4) од Манчестер сити во дербито на 23. коло во Премиер лигата. „Граѓаните“ ги освоија бодовите со два „подарени“ погодоци од голманот на Ливерпул, Бразилецот Алисон. - Во моментите кога ги направи грешките Алисон немаше голем притисок од противнички фудбалер. Едноставно можеше да ја шутне топката на трибините, а ние едноставно им ја подаривме. Да не беа тие две грешки натпреварот ќе завршеше со резултат 1:1. Нашата игра беше доволно добра за реми. Ми се допадна фудбалот што го игравме. Многу е тешко да се објасни зошто изгубивме 1:4, изјави Клоп за Би-би-си. Сепак тој побара од неговите играчи да ја зачуваат самодовербата и да ја продолжат борбата во првенството. - Не е најдобриот период во нашиот живот, но мора да продолжиме да се бориме. Видов навистина добра игра и неколку сериозни грешки. Мислам дека е лесно да се согласам дека имаше навистина добра игра во првото полувреме. Мора да му дадеме поддршка на Алисон кој многупати не има „извадено“. Одиме понатаму, нашата цел е да обезбедиме место во Лигата на шампионите, додаде Клоп. По 23 одиграни натпревари Ливерпул има 40 бодови и е на 4. место на табелата, 10 помалку од лидерот Манчестер сити кој има д аодигра и еден заостанат натпревар. зс/

Остани поврзан